Иако на почетокот се чинеше дека кросоверот „Ц4 Кактус“ претставува само обид на „Цитроен“ да го разбуричка заспаниот автомобилскиот дизајн, новиот „Ц3“ покажува дека францускиот производител одлучил да продолжи со експлоатацијата на овој необичен стилски правец.
Кога се појави во 2014 година „Цитроен Ц4 Кактус“ претставуваше добродојдена аномалија во конвенционалниот автомобилски дизајн, но малкумина очекуваа дека компанијата ќе истрае во него на другите нови модели. Сепак, „Цитроен“, што во текот на историјата повеќепати покажа дека има храброст да направи скок во непознатото кога станува збор во обликувањето на автомобили, ја продолжи оваа традиција и на новата, трета генерација модели „Ц3“.
Шефицита на „Цитроен“, Линда Џексон, за „Autonews“ изјави дека целта на компанијата е да дизајнира автообили што ќе можеби ќе изгледаат помалку „бизарно“, но, пред се, ќе бидат поразлични од конкуренцијата.
– Ако ја следите актуелната автомобилска продукција, ќе видете дека многу модели личат еден на друг, објасни таа.
Џексон додава дека нејзината крајна цел е моделите на „Цитроен“ да бидат јасно препознатливи по својата форма и дизајн, кога ќе се најдат меѓу многу други автомобили на патот.