Од денеска започнува во употреба мобилниот систем за снимање со камери кои се поставени на полициските службеници кои вршат контрола и регулирање на сообраќајот на патиштата.
Само синоќа, единаесет лица се полесно повредени во 10 од 14 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета само материјална штета.
Во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала девет возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возеле без сигурносен појас или зборувале на мобилен телефон, пет управувале нерегистрирано возило, а седум биле без возачка дозвола.
Затекнати се и 25 непрописно паркирани возила и 10 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 34 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.