Ердоган му порача на Нетанјаху добро да ја процени ситуацијата во регионот

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денеска му порача на израелскиот колега Бенјамин Нетанјаху добро да ја процени ситуацијата на Блискиот Исток, бидејќи светот е променет од последниот голем напад на Израел врз Газа во 2008 година.

– Му се обраќам на Нетанјаху: Не сме веќе во 2008 година, сега сме 2012. Треба да знаеш дека околностите во 2012 година не се истите околности од 2008 година.

Добро процени, изјави турскиот премиер во своето обраќање на работен самит во Каиро.

Ердоган нагласи дека сега се урнати вештачките препреки меѓу братските земји и народи на Блискиот Исток, кои биле формирани пред еден век.

– Во овој регион братските народи со копнеж се прегрнуваат по долгогодишното раздвојување. Раздвојувањето што траело речиси едно столетие е пред самиот крај и затоа верувам дека Арапската пролет, која започна на плоштадот Тахрир нема да згасне, изјави Ердоган, кој е голем критичар на Израел.

Израелската армија веќе петти ден го бомбардира Појасот Газа, а бројот на палестински жртви денеска се зголеми на 48, додека на израелска страна загинаа три лица.

Зголемувањето на обемот на операциите потсетува на големата тринеделна воена офанзива што Израел ја започна кон крајот на 2008 година врз цели на Хамас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан