(ВИДЕО) Студентскиот лидер исвиркан од студентите, се врати во канцеларијата

Од:

Кирил Спировски се обиде да излезе од канцеларијата на СПУКМ со заштита од Единицата за брзо распоредување, но обидот беше неуспешен, а сликата поразувачка-полицијата штити “студентски лидер“ од студенти кои го исвиркаа. Сам изоде еден дел од патеката додека сите студенти одеа по него и го прашуваа дали не му е срам и го исвиркаа. Во тој момент сврти и се врати назад во канцеларијата.

Со оглед дека тие двесетината партиски членови кои денеска му асистираа, а по одземањето на гласачките кутии заминаа од Скопје, зашто не се ниту студенти, Спировски остана со неколкумина сам, заклучен во канцеларијата, со изминат мандат одамна, и разбеснети студенти на неколку метри од него.

Откако се обиде да замине, повторно се врати во канцеларијата каде се и гласачките кутии кои беа одземени од него и партиски членови.

Би можело да ве интересира

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Бесплатни стоматолошки прегледи за студентите на УКИМ

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани

А1он

Студентите се собраа на заеднички час во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Студентите нема да одат на настава една недела, ќе организираат настани за почит на жртвите