Ајфеловата кула ќе биде осветлена со боите на турското знаме-црвено и бело, во чест на жртвите од терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, соопштија од градското собрание на Париз.
Со овој симболичен гест сакаме да ја истакнеме поддршката на градот Париз за семејствата на загинатите и целиот турски народ, рече првиот заменик на градоначалничката на Париз, Бруно Жилијар.
Веднаш по нападите во Турција во кои загинаа 42 луѓе, градоначалничката на Париз, Ан Идалго кажа дека овој терористички напад со убивање на невини цивили е насочен против целото човештво.
-Обединети и убедени во нашите вредности треба да се спротивставиме на оние кои тоа го немаат, кажа Ан Идалго.