Еден повреден полицаец, оштетен автомобил „Голф“ и едно приведено лице се последиците по нарушувањето на јавниот ред и мир откако поголема група навивачи на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово-Балисти се собрале пред службените простории на клубот, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
„Во инцидентот оштетен е автомобил Голф, сопственост на Ф.Ш.(25) од Тетово, а како учесник во нарушувањето полицијата го привела М.М(22) од тетовското село Горно Палчиште“, рече Марјан Јосифовски.
Полицијата по преземените соодветени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, ќе поднесе соодветни пријави.