Поголемиот дел од Британците, 56% се изјасниле дека сакаат да излезе Британија од ЕУ, вели резултатот на анкетата објавена во британскиот весник „Observer“.
Испитаниците одговараа на прашањето: Кога би бил одржан референдум за припадноста на Британија во ЕУ, што би одговориле?“ Вкупно 34% категорично одговориле дека сакаат Британија да излезе од ЕУ, додека 22% рекле дека најверојатно би одговориле против ЕУ.
Во анкетата се наведува дека 30% од испитаниците рекле дека се за останувањето на земјата во рамките на ЕУ, односно 19% категорично да и 11% најверојатно да. 14% биле неиоределени.