Центар ја реконструира улицата “Партениј Зографски”

Од:

Општина Центар започна со реконструкција на една од најфрекфентните улици. Се обновува коловозот и тротоарите на улицата “Партение Зографски”, на потег од булевар “Водњанска” до спојката со улица “Рилски конгрес”.

Се вади стариот и оштетен асфалт и се става нов со дебелина од 5 см. во должина од 470 метри.

Целосно се заменуваат оштетените павер елементи со нови бехатон плочки на тротоарот во должина од 600 метри.

Се менуваат и рабниците и се поставуваат пристапни патеки за лицата со посебни потреби.

Улицата е над Клинички Центар и граѓаните од градоначалникот Андреј Жерновски бараа нејзина реконструкција, информираат од општина Центар.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски