„Протекоа‟ фотографии на „Порше Панамера Турбо“

Од:

На интернет се појавија фотографии на моделот „Порше Панамера Турбо“ на кои нема камуфлажа.

Фотографиите го октриваат надворешниот изглед на автомобилот, но и дел од внатрешноста. Тоа што сигурно се знае, е дека автомобилот ќе го покренува 4,0 литарски В8 мотор со турбо полнач, па „Порше Панамера Турбо“ ќе стане „најбрз луксузен седан на светот‟.

Точната моќност на овој модел за сега не е позната, но познато е дека ќе биде полесен во однос на претходникот, така евентуално и помалку коњски сили би значело подобрување на перформансите.

Напред се наоѓаат ЛЕД светла со агресивен изглед, како и двојна линија на ЛЕД дневни светла. Назад има тенки задни светла, двојни издувни цевки на аглите и дифузер меѓу нив.

 
На фотографиите се гледаат и аналогни бројачи, ЛЦД екрани за информации наменети за возачот, како и спортски седишта и интегрален систем на висока технологија
„Порше Панамера Турбо“ ќе биде официјално претставен за неколку дена. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ