Чоколадна карамел фантазија

Од:

Невројатно вкусен и кремаст колач…

Потребно е:

за кората:

160 гр брашно
30 гр мелени бадеми
30 гр какао
50 гр шеќер
1/4 лажиче сол
120 гр ладен путер
1 лажиче екстракт од ванила
1 јајце
2 лажици ладна вода

за карамел кремот:

300 гр шеќер
1/2 чаша (од 250 мл) вода
1/2 чаша слатка павлака
70 гр путер
1 лажиче сол

за преливот:

1/2 чаша слатка павлака
120 гр црно чоколадо

Подготовка:

– За кората, измешајте ги сите суви состојки и додадете го ладниот путер исецкан на коцки. измешајте и додадете ги јајцето, ванилата и водата. Убаво соединете ги сите состојки со месење со рака и потоа тестото ставете го околу 30 минути во фрижидер.
– Извадете го тестото од фрижидер и ставете го на набрашнета работна површина и тенко развлечете го со сукало со големина на калапот во кој ќе го печете. Одозгора покријте го со пластична фолија и ставете го повторно во фрижидер уште 30-тина минути.
– Извадете го тестото надвор, тргнете ја пластичната фолија и на повеќе места избоцкајте го со вилушка. Одозгора покријте го со хартија за печење и рамномерно распоредете 2 чаши грав (гравот се става за да не нарасне тестото).
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути. Тргнете ги зрната грав и извадете ја хартијата и вратете го повторно калапот во рерна да се допече уште 15 минути. Оставете да се излади и извадете го од калапот.
–  Преминете на подготовка на карамел кремот. Во сад на рингла сварете ги водата и шеќерот. Не мешајте за да не се кристализира, само од време на време протресете го садот. Кога шеќерот ќе добие боја на карамел, додадете ја слатката павлака и варете уште 2 минути. Тргнете го садот на страна, додадете го путерот и малку сол, убаво измешајте и прелијте го тестото.
– Оставете го да се излади и потоа ставете го во фрижидер околу 4-5 часа.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава