Претставен „Фиат 500 Рива“: Јахта на тркала

Од:

Идејата на „Фиат“ за „јахта на тркала“ се гледа во специјалното издание на моделот 500, произведен во соработка со компанијата „Рива“, која се бави со конструирање на јахти. 
Наутичката тематика почнува со маринско сината боја на каросеријата на кабриолетот, која не може да се избере за кој било друг модел 500. Таа боја е преземена од јахтата на „Рива“, „Аква Супер“.

Автомобилот доби и уникатни хромирани ретровизори, а со хром е украсен капакот на моторот и рачките на вратите. „Фиат 500“ има 16-инчни наплатки со 20 краци.

Внатрешноста има рачно лакирани махагони со детали од јавор. На праговите има специјални плочки, а од махагони е направена и рачката на менувачот. Седиштата се пресвлечени со кожа.

Компанијата „Фиат“ веќе прима порачки, а ќе произведе вкупно 500 автомобили. Во понудата се бензински 1,2-литарски мотор со 69 коњски сили, како и силниот „Твин Ер“ 0,9 литарски мотор во верзии со 85 и 105 коњски сили.

Ако преферирате дизел, тука е 1,3 литарскиот мотор кој испорачува 95 коњски сили.
Во зависност од изборот на моторот, купувачите ќе можат да изберат меѓу петстепен и шестстепен мануелен и роботизиран менувач. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ