По извинувањето на Ердоган, Путин нареди укинување на санкциите кон Турција

Од:

Претседателот на Русија, Владимир Путин и наложил на владата во Москва да почне со процес на ублажување на санкциите кон Турција, кои беа воведени откако Анкара минатата година собори руски борбен авион.

-Ја повикувам руската влада да покрене процес на нормализација на трговските и економските врски со Турција, рече Путин на седницата на владата по телефонскиот разговор со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Како што пренесува руската агенција ТАСС, повикувајќи се на прес службата на Кремљ, во телефонскиот разговор со турскиот колега договорено е укинување на ограничувањето за патување на руски туристи во Турција.

Двајцата престедатели во телефонскиот разговор денеска, кој е и прв по соборувањето на рускиот авион договориле состанок “очи в очи“. Телефонскиот разговор се случи откако Ердоган со писмо до рускиот претседател и семејството на загинатиот пилот изрази жалење поради соборувањето на рускиот авион.

Разговорот на двајцата претседатели бил закажан порано, а се случи само неколку часа по терористичкиот напад на аеродромот Ататурк во Истанбул, во кој загинаа 41, а повредени се 239 патници.

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје