Само уште 13 епизоди до крајот на „Game of Thrones“

Од:

Продуцентите на „Game of Thrones“ потврдија дека остануваат уште само две сезони од светски популарната серија која се емитува на каналот ХБО.

Дејвид Бениоф и Д.Б. Вајс порано сугерираа дека се серијата се приближува кон крајот, но сега во интервју за „Deadline“, изјавија дека гледачите ќе можат да видат само уште 13 епизоди-седум во седмата сезона и шест во осмата сезона. Секоја од епизодите ќе има буџет од по 10 милиони евра.

-Зборуваме за две сезони. Од почетокот сакавме тоа да биде серија од приближно 75 часа. Да кажеме дека сега е планот да бидат 73 часа, рече Бениоф.

-Крајот на приказната ни е познат веќе некое време и се движиме кон него, рече тој.

Џорџ Мартин, автор на книгата „Песната на мразот и огнот“ која е основа за „Играта на троновите“ веројатно не е задоволен од скратувањето на сезоната.

Серијата веќе ги надмина неговите книги, но во 2014 година кажа дека посакува сезоните да имаат по 13 епизоди, наместо по 10.

Емитувањето на седмата сезона ќе почне во април, идната година.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Писателот на Game of Thrones потпиша петгодишен договор со HBO

Ана Ололовска

„Game of Thrones“ се преточува во театарска претстава

Катерина Ѓуровски

Софи Тарнер си го зеде престолот од Game of Thrones

Ана Ололовска

Претпродолжението на „Game of Thrones“ како нова серија на HBO

Ана Ололовска

ВИДЕО: Питер Динклиџ ја доби четвртата, рекордна „Еми“ статуетка за машка споредна улога

Ана Ололовска