Меѓународните кредитори ги претставија условите за финансиска помош на Кипар

Од:

Меѓународните кредитори го претставија на кипарските власти конечниот список со условите од програмата за финансиска помош на земјата, јавија кипарските медиуми.

Тројката меѓународни кредитори составена од претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, ги заостриле своите барања зголемувајќи го процентот на буџетски намалувања и кревање на даноците до 1,2 милијарди евра. На почетокот на преговорите, пред четири месеци, стануваше збор за потребно штедење во вредност од 975 милиони евра.

Државната телевизија Си-Вај-Би-Си објави дека во суштина условите на тројката останале исти, наспроти барањата на владата доверителите да ја земат во предвид локалната ситуација и да ги намалат барањата. Телевизијата наведува дека доверителите остануваат на тоа да биде укината 13. плата, да бидат приватизирани државните претпријатија и да биде запрена државната финансиска помош на фондот за социјално осигурување.

Меѓународната тројка требаше посетата на Кипар да ја заврши утре, но беше соопштено дека претставниците на меѓународните доверители ќе останат на островот до средината на идната недела со цел да постигнат договор со кипарската страна за своите предлози.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ