Министрите како ученици на испит пред премиерот

Од:

Како во училиште, професорот испитува, а учениците одговараат. Така главно до сега тече отворената владина седница. Со тоа што за разлика од училиште кога се испитува, овде премиерот,  главно покажува солидно знаење и се истакнува повеќе од министрите. Тој прашува, дополнува, сугерира, бара и одредува рокови.

Министрите досега покажаа добра  кондициска подготовка , но ќе треба да се издржи, бидејќи седницата  може да трае и до доцна вечер или до раните утрински часови. На дневен ред се    стотината точки, а испрашувани ќе бидат освен министрите и директорите.

Досега кај премиерот преодна оценка добија министрите за здравство и за информатичко општество. Добро воден од премиерот, Тодоров, успешно се претстави во јавноста, таму многу се работи, реформите се спроведуваат , добро оди и плаќањето по  учинок, набавена е и солидна опрема а сега лекарите и медицинските сестри ќе се обучуваат во странство. Но ниту збор немаше за штрајкот на лекарите.

Добро течат и реформите во администрацијата, а граѓаните се задоволни, се пофали Иво Ивановски.

Задоволен е и премиерот од она што го слуша како работат неговите министри, а сите можат да дадат свој суд од директниот пренос на Собранискиот канал на Јавниот сервис.

 

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните