Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се извини на Владимир Путин поради смртта на рускиот пилот, соопштија од Кремљ.
Путин примил писмо од Ердоган во кое се извинува за смртта на пилотот, кога беше сoборен рускиот авион на сириско-турската граница во ноември минатата година.
Ердоган во писмото искажал подготвеност да се обноват односите на Анкара со Москва, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
На 24 ноември турските сили урнаа руски авион, а инцидентот предизвика меѓународен скандал и доведе до сериозно заострување на односите помеѓу Москва и Анкара. Русија бараше извинување од Турција но не го доби, по што ги прекина речиси сите економски односи со Турција.