Пуштен во сообраќај проширениот Панамски Канал

Од:

Проширениот Панамски канал, кој ги поврзува Тихиот и Атланскиот Океан ноќеска е пуштен во редовен сообраќај.

Прв брод што мина низ новата проширена траса на овој воден пат, беше еден голем кинески брод-контејнер, чие минување беше проследено со огномет и со бурни поздрави од илјадници Панамци, собрани долж брегот на Каналот.

Панамскиот претседател Хуан Карлос Варела го означи новиот канал како „пат што го обединува светот“.

Изградбата на новата траса долга 77 километри почна во 2007 година и требаше да биде завршена до 2014 година, но поради бројните штрајкови и протести, гардежните работи се одолжија и се зголемија трошоците, па на крајот изградбата на новиот воден пат чинеше 5,2 милијарди долари.

Во изградбата на проширениот Панамски Канал учествуваа околу 30 илјади работници и градежници.

Оригиналниот Канал е отворен во август 1914 година. Каналот започнат уште во втората половина на 19 век, беше завршен и комплетиран од САД, кои потоа ја имаа контролата над него се до 1999 година.

Проширениот Канал е оспособен да прима многу поголеми бродови.

Панамскиот канал ќе добие конкуренција во новиот воден пат што почна да се гради пред две години во Никарагва.

Овој канал, што исто така ги врзува Тихиот и Атланскиот океан, е долг 278 километри и ќе биде поширок и подлабок. Каналот го гради една кинеска компанија, а неговата изградба ќе чини 50 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

Силен земјотрес во Панама

Ана Ололовска

Двајца поранешни претседатели на Панама повикани на судење поради корупција

Ана Ололовска

Силен земјотрес ја погоди Панама, епицентарот 62 километри од брегот на Тихиот Океан

Панамскиот претседател соопшти дека му е дијагностицирана ретка болест на крвта

Ана Ололовска

Умерен земјотрес ја погоди Панама

Ана Ололовска