За три дена во Скопје 26 сообраќајки, повредени 22 лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 26 сообраќајни незгоди од кои девет се со последица материјална штета и 17 се со последица телесна повреда во кои со полесни телесни повреди се здобиле вкупно 22 лица.

Сообраќајната полиција во петокот изврши увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои една е со последица материјална штета и шест се последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Вчера е извршен увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 75 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, а осум возачи почетници сториле прекршоци по разни основи.

Затекнати се и 15 возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, како и шест возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие три дена отстранети се 96 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Тешка сообраќајка во Велешта, загина 19-годишно момче

Двајца возачи загинаа во сообраќајка на магистралниот пат Ресен – Битола

Горан Наумовски

Српски државјанин загина во сообраќајна несреќа во близина на Фоча

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа во Грција: Три лица изгореа откако се судрија автомобили и камион

Горан Наумовски

85-годишен возач е тешко повреден во сообраќајка, удрил во паркирано возило