Белгија на убедлив начин стигна до четвртфиналето

Од:

Репрезентацијата на Белгија со убедливи 4:0 ја победи Унгарија синоќа во Тулуз и се пласира во четвртфиналето на Европското првенство во фудбал.

Првиот гол во 10.минута го постигна Тоби Алдервирелд. Убедливата победа Белгија ја обезбеди во последните минути од дуелот кога најпрвин резервистот Миши Батшуаи во 78.минута зголеми на 2:0. Еден Азар го постигна третиот гол во 80. минута, а за конечните 4:0 реализираше Јаник Караско во 90+1 минута.

Следен ривал на Белгија во четвртфиналето што ќе се игра во Лил на 1 јули ќе биде селекцијата на Велс.

Ден претходно на 30 јули во Марсеј ќе играат Полска и Португалија, Германија го очекува победникот од дуелот Италија – Шпанија, додека Франција ќе игра против подобриот од натпреварот Англија – Исланд.

Осминафиналните дуели: Италија – Шпанија (почеток 18 часот) и Англија – Исланд (почеток 21 часот) се играат вечерва.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ