Сообраќајка на патот Гостивар-Скопје, загина жена

Од:

Шеесет и деветгодишна жителка на Гостивар загинала вечерва околу 20 часот и 30 минути при удар од патничко моторно возила „Лада уаз“ управувано од 79-годишен жител на Скопје, информираат од полицијата.

Несреќата се случила на магистралниот пат Гостивар-Скопје, на потегот од Здуњската крстосница со наплатната рампа кај Гостивар. Жената се обидела пешки да помине преку улицата, но при тоа била удрена од возилото, по што починала на самото место.

Екипи на полицијата и јавниот обвинител доцна синоќа вршеа увид на местото на сообраќајката.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Сообраќајка на патот Скопје – Блаце, повредени се шестмина косовски државјани