Во Исланд денеска се одржуваат претседателски избори, на кои учествуваат рекордни девет кандидати за шеф на државата.
Околу 240.000 жители имаат граво да гласаат за наследник на Олавур Рагнар Гримсон, кој по 20 години ќе замине од претседателската функција.
Претседателот на Исланд има главно церемонијални функции, но има влијание врз составот на владата.
Фаворит во изборната трка е историчарот Гудни Јоханесон, кој е кандидиран како независен кандидат. Тој ја доби поддршката од народот благодарејќи на своите телевизиски изјави во април пред и по оставката на тогашниот премиер Сигмундур Давид Гунлаугсон.
Другите главни кандидати се писателот Андри Магнасон и поранешниот конзервативен премиер Давид Одсон, кој бил и директор на централната банка.
Резултатите од изборите се очекуваат утре.