Невреме ги попречува Британците при гласањето

Од:

На денот кога Британците гласаат на референдум за останување или напуштање на ЕУ, југоистокот на Англија е погоден од поројни дождови кои предизвикаа поплави по улиците, прекин во сообраќајот и затворање две бирачки места во Лондон.

На југозапад во Лондон две изборни места во населбата Кингстон апон Темз се преместени на други локации поради поплавите во тоа подрачје.

Поројниот дожд предизвика и проблеми во работата на метрото во Лондон и железничката мрежа во предградијата.

Британската метеоролошка служба соопшти дека дополнителни врнежи проследени со грмотевици се очекуваат денеска попладне и навечер во Лондон и на југозапад во државата. 

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он