Или пак кокос пита…
Потребно е:
за жолтиот бисквит:
150 гр путер
7 жолчки
150 гр шеќер
150 гр брашно
1/2 прашок за пециво
за белиот бисквит:
7 белки
150 гр шеќер
200 гр кокосово брашно
2 лажици брашно
1/2 прашок за пециво
чоколадо за готвење или чоколадо во прав
Подготовка:
– За жолтиот бисквит изматете ги сите состојки. Добиената смеса сипете ја во тава (25х37 см) претходно намстена со путер и посипана со малку брашно.
– За белиот бисквит изматете ги белките со шеќерот, а потоа со лажица полека измешајте ги брашното, прашокот за пециво и кокосовото брашно. Оваа смеса премачкајте ја над жолтиот бисквит.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени додека белиот бискит не добие убава боја.
– Извадете го колачот од рерна и на уште врел колач изрендајте го чоколадото за готвење или посипајте со чоколадо во прав.