Македонската ракометна репрезентација на денешната жрепка во Париз ги доби противниците во групата за СП 2017 година што ќе се одржи во Франција.
Македонија ќе игра во Б-групата заедно со: Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
Другите групи ги сочинуваат:
А група: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија и Норвешка.
Ц група: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија.
Д група: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин и Аргентина.
Натпреварите ќе се играат во осум градови низ Франција во периодот 11-29 јануари.