ЛДП: Иванов да поднесе оставка и да не создава дополнителна дестабилизација

Од:

Со своето вчерашно обраќање, Претседателот на државата, господинот Ѓорге Иванов, повторно, како и многупати досега, наместо да ја обедини – ја подели нацијата. Особено загрижува што во својот говор Претседателот зборува за многубројни безбедносни закани кои постојано ја демнат земјата, однадвор и одвнатре, активности на паралелни мрежи, ризик од странски терористички борци, мобилизација на криминални структури.

Покрај тоа, Иванов продолжува со заплашувањето дека се соочуваме со туѓа наметната игра што има за цел дестабилизација на Македонија. Наместо да делува преку институциите на системот и во согласност со надлежностите кои ги има како врховен командант, тој продолжи да создава дополнителни тензии, при тоа квалификувајќи ги граѓаните кои се незадоволни од владеењето на режимот како „странски платеници“ кои не и мислат добро на државата!

Во еден момент Претседателот дури зборува дека ја разгледувал можност за употреба на АРМ за смирување на внатрешните состојби! Дали е свесен Претседателот дека со таквиот потег дефинитивно ќе ја поделеше и АРМ која е единствената институција која се уште има висока довoрба кај граѓаните на Република Македонија.

Припадниците на АРМ, и покрај тешката материјална состојба во која се наоѓаат (неисплаќањето на дневниците, ниските плати, партизираноста итн.) успешно одговараат на предизвиците со кои се соочува државата.

Улогата на Претседателот на државата како врховен командант е да ги презема сите неопходни активности со кои ќе обезбеди граѓаните да живеат во чувство на сигурност. Во таа смисла, бараме Иванов да одговори кој „наметнува игра“ за дестабилизација на Македонија и со кое право „влегол во наметната игра“?

Оттука, Либерално демократската партија смета дека е неопходно и го повикува господинот Ѓорге Иванов, под итно да си поднесе оставка на функцијата Претседател на Република Македонија, со што ќе се спречи со неговите непромислени постапки дополнително да ја влошува и онака тензичната состојба во земјата.

Би можело да ве интересира

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски