Нешковски: Како кула од карти е срушен системот на контрола на власта

Од:

Нема да не заплашите, колку повеќе се заканувате толку сме похрабри. Два месеци протестираме, секој ден сме похрабри, посплотени.

Во понеделникот над 30 илјади слободоумни граѓани, му кажаа НЕ на овој режим. Со нашата упорност ги исполнуваме нашите барања. Доаѓа денот кога криминалците ќе одговараат, не помина аболицијата, ниту бетон изборите на 24 април и 5 јуни.

Како кула од карти се руши системот на контрола и страв од власта. Падна притвор за Талески, а оставка поднесе и еден од најблиските соработници на Груевски, Ставрески.

Сите го напуштаат бродот што тоне.

Од едната страна на Вардар, правеа журка, од другата страна апсеа граѓански активист. Од едната страна, криминалци кои слават со наши пари, од друга страна граѓани кои бараат, правда, слобода. Има разлика. Никола, повеќе никој не ти се плаши.

Задоволство ми е што во секој град низ Македонија, младите се во првите редови. Средношколци, студенти, дипломирани млади, магистри, невработени сите со една цела, да ја градиме нашата иднина тука, нашите деца да растат и да се образуваат во Македонија, рече Трајче Нешковски, секретар на СДММ на протестот од Шарената револуција во Кичево.

Би можело да ве интересира

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

Путин: Некои европски центри на моќ се обидуваат да организираат шарена револуција во Србија