Научниците од Советот за медицински истражувања при Универзитетот во Бристол во соработка со колегите од цел свет открија значајна врска меѓу генетските промени во геномот РОБО 2 и бројот на зборови кои ги изговараат децата во раните фази од развојот на говорот.
Поголемиот број деца своите први зборови ги кажуваат на возраст од 10 до 15 месеци. Вокабуларот се проширува со возраста – од 15 до 18 месеци детето изговара околу 50 зборови; 200 зборови од 18 до 30 месеци; 14.000 во шестата година од животот и повеќе од 50.000 по завршувањето на средно училиште.
Истражувачите открија генетска врска на возраст од 15 до 18 месеци, кога децата обично комуницираат со помош на еден збор, пред лигвистичките вештини да напредуваат до комбинирање на два збора и сложени граматички структури.
Резултатите од истражувањето даваат нови сознанија за специфичниот генегски регион хромозом 3, што претходно беше поврзуван со дислексијата и нарушување на говорот.
Ген РОБО 2 содржи информација за создавање на протеинот РОБО 2. Овој протеин ги насочува хемиските супстанци во мозочните и другите нервни клетки, а тие материи можат да им помогнат на бебињата да го развијат говорот, но и да произведуваат глас.
Протеинот РОБО 2 исто така, блиско „соработува“ со другите робо протеини кои претходно се поврзани со проблемите при читање и помнење на гласови.
– Студијата ја потврдува важноста на генетските влијанија на развојот на говорот. Тоа се добри вести бидејќи тоа значи дека анализата на ДНК може да биде употребена за откривање на поголем број генетски фактори кои придонесуваат за развојот на раните говорни вештини, истакна д-р Клер Хоборт од Универзитетот Борвик.