Европската унија треба да се промени, без разлика дали Британците ќе гласаат за останување или за напуштање на Унијата на референдумот кој ќе се одржи в четврток, на 23 јуни, изјави денеска германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Тој истакна дека „Европа не е во добра форма“ и изрази надеж дека Велика Британија ќе избере да остане во ЕУ, но без разлика на резултатот од референдумот „нема да може да се продолжи како досега“.
– Британија е важен пазар за германската економија и нејзиниот излез од Унијата може да нанесе значителна штета, нагласи Шојбле за време на економска конференција во Берлин.