„Дејли Телеграф“ за Брегзит, а „Гардијан“ за останување во ЕУ

Од:

Весникот на британските конзервативци „Дејли Телеграф“ денеска објави дека се определува Велика Британија да ја напушти ЕУ и за, како што се вели во редакцискиот коментар, за „целосно независно Обединето кралство“.

– Определбата за Брегзит не значи враќање кон некакво матно минато во кое земјата имала понаква позиција, а и светот бил различен од денешниот, туку претставува определба за нов почеток, се вели во текстот на весникот.

Во исто време, пролабуристичкиот „Гардијан“, чија заложба за отвореност на Велика Британија кон Европа и светот, како и за членство на земјата во Европската Унија, никогаш не била доведена во прашање, ги повика своите читатели да гласаат за останување на земјата во ЕУ.
Во редакциската порака, заедно со определувањето на весникот, се вели дека гласањето на референдумот в четврток против Брегзит, значи гласање за обединета Велика Британија и против внатрешните делби, кои се сериозна закана за иднината на земјата, а на кои мора да се смета доколку гласачите се определат за напуштање на Унијата.
Проевропското определување на „Гардијан“ не претставува изненадување, затоа што весникот е близок на опозициската Лабуристичка партија, која од почетокот најави дека е против напуштањето на ЕУ.
Не е изненадување ниту определувањето на „Дејли Телеграф“ за Брегзит, затоа што станува збор за весник кој традиционално е евроскпетичен.
Во ова и вакво разместување, тежината и значењето е во тоа што определувањето за Брегзит е позиција спротивна на лидерот на конзервативците и актуелен премиер Дејвид Камерон.
Последниве недели, иако и самиот деклариран како умерен евроскептик, Камерон енергично агитира за останување на земјата во ЕУ и е против групата министри и доскорешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кои како и весникот заговараат „нов почеток“ за земјата надвор од Унијата.
Оваа група не ја крие намерата, по референдумот и „победата на опцијата за Брегзит“, да покрене гласање за доверба за Камерон на лидерската функција, обвинувајќи го за неснаоѓање со имиграцијата и за сегашната длабока поделба што постои меѓу конзервативците.
На помалку од 48 часови пред гласањето, „Дејли Телеграф“ сепак, не е уверен дека опцијата што ја застапува ќе победи.
Весникот открива дека најновото истражување направено специјално за „Дејли Телеграф“, покажува оти меѓу гласачите кои најавуваат дека сигурно ќе гласаат на референдумот, оние за останување во ЕУ се во водство со седум проценти или 53 отсто се за неменување на статусот на Велика Британија во Унијата, додека 46 отсто се за Брегзит.
Минатата недела, во истражувањето на весникот кампот за Брегзит беше во водство со еден отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска