Ароматичен гулаш подготвен во рерна…
Потребно е:
4 пилешки копани со надкопани
2 моркови
400 гр шампињони
1 кесичка зачин за гулаш
200 мл црвено вино
300 гр варени компири
свежо сецкан магдонос
Подготовка:
– Пилешкото месо ставете го во кесичка за печење. Во кесичката ставете ги и морковите исецкани на тркалца и шампињоните на четвртинки.
– Во кесичката сипете го зачинот за гулаш, потоа виното и 100 мл вода.
– Затворете ја кесичката и потоа протресете ја за да се распоредат рамномерно сите состојки. Кесичката ставете ја во тава, но распоредете го зеленчукот да биде од страните, а месото со кожичката да биде од горе.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 45 минути.