Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ е повреден во верижна сообраќајка, која се случила вчера вечер околу полноќ, во центарот на Белград.
Во несреќата се повредени уште четворица, кои со возило на итната помош се пренесени во болница.
Според српски Телеграф, Четковиќ се возел во џип од марката Audi Q5.
Се претпоставува дека до несреќата дошло поради невнимание и малото растојание меѓу возилата.