Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачејето на Скопје изврши увид на шест сообраќајни несреќи, од кои три се со материјална штета, во две учесниците се здобиле со телесни повреди, а во една со тешки телесни повреди.
Полицијата санкционира и тројца возачи кои поминале на црвено, шест возачи кои при возење не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон, осум нерегистрирани возила, шест лица кои управувале возило без возачка дозвола, 23 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила, а со помош на „пајак службата“ отстранети се 34 возила.