(ВИДЕО) Бегалците од камповите во Македонија нелегално се депортираат

Од:

Фондацијата Отворено општество – Македонија, Легис, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Младински образовен форум, денеска, со јавна дискусија, изложби и хуманитарна акција го одбележуваа Светскиот ден на бегалците.

Во Мобилна/монтажна Галерија ЦАЦ се одржа тивка аукција на цртежи на уметникот Шерго Муса од Сирија кој е во кампот во Гевгелија и иако се работи за повозрасен човек, полицијата не му дозволила денеска да дојде во Скопје на својата изложба и покрај гаранциите од активистите.

– Македонија пропушти соодветно да одговори на правото на азил на бегалците, инстиуциите не дозволија да дојдат повеќемина од бегалците, а и сликарот чии дела ги имаме тука за хуманитарната акција. Веруваме дека пристапот до правото на азил и хуманитарна помош во РМ треба да бидат целосно овозможени, рече Славица Инџевска од ФООМ.

Мерсиха Смаиловиќ рече дека Македонија веќе 3 години се соочува со големата бегалска криза и дека низ земјата поминале повече од 1,5 милион бегалци.

 

– Тука сме за да потсетиме дека веќе 4 месеци бегалците се заробени во камповите и немаат ников документ дека се овде и дека престојувале во Македонија, рече Смаиловиќ.

На јавната дискусија “Право на азил, дали пристапот до правото на азил се претвори во нелегална размена и депортација помеѓу државите од балканската рута?“ учествуваа Трпе Стојановски, експерт, Снежана Теодосиевска Јорданоска, од Канцеларијата на Народен Правобранител на РМ, Воислав Стојановски, правен советник од Хелсиншки комитет за човекови права и Зоран Дранговски, правен советник, беше речено дека е алармантна ситуацијата со луѓето што се останати по камповите и прифатните центри.

– Во кампот кај „Винојуг“ на невладините организации им е забранет влезот, бројката на луѓе во камповите се намалува брзо и под неразјаснети околности. Народнот правобранител на РМ побара објаснување од Министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика и од другите надлежни институции, но досега немаме никаков одговор. Имаме сознанија дека граничата полиција им го отежнува на бегалците барањето азил и им го оневозможува барањето на статус бегалец. Во април во Македонија имало 600 – 700 бегалци, во мај таа бројка е 207. Немаме податоци како толку брзо се намалил бројот на бегалци толку брзо. Но, имаме податоци дека без нивно знаење каде се носат, во вечерните часови бегалците се префрлаат надвор од земјата што е надвор од секоја легална процедура, рече Снежана Теодосиевска Јорданоска, од Канцеларијата на Народен Правобранител на РМ.

Во мобилната галерија ЦАЦ се изложени и фотографиите на Нако Батев, Роберт Атанасовски, Лазар Симеонов и Борче Поповски кои тие ги донирале во хуманитарни цели, како дел од поставката „Дневна соба, животните приказни од пограничните кампови на балканската рута“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Грција ќе ги суспендира барањата за азил од луѓе што доаѓаат од Северна Африка за три месеци

Трамп нареди проширување на мерките за притвор и депортација на мигрантите

Германската влада ги затвора вратите за мигрантите

Голема пресметка на банди во близина на Сараево, шестмина се повредени

Горан Наумовски

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Пронајдени двајца мртви мажи во Суботица, истражителите се сомневаат дека се работи за пресметка