Министрите на јавен отчет пред Груевски

Од:

Што, кој и колку сработел, каде се слабостите а кои идните задачи, министрите и директорите на испит нај премиерот Никола Груевски.

Министрите треба кондиционо добро да се подготват, бидејќи седницата се предвидува да трае повеќе од 10 часа, со оглед на стотината точки кои не се на дневен ред. Не е исклучено, седницата да трае и до раните утрински часови, а потоа, вообичаено , министрите да треба редовно, понеделнички да си дојдат на работа.

За тоа што се случува на маратонска владина седница, јавноста ќе може изворно да се информира. Јавниот сервис, МРТ ќе врши директен пренос на Собранискиот канал. Иако опозицијата реагираше, дека овој канал е наменет за активностите на Законодавниот дом, сепак веќе е пракса отворените владини седници да одат на овој канал.

Ова од Владата го објаснуваат со желбата за транспарентност, бидејќи велат, граѓаните имаат право да знаат што и како работи Владата.

Седницата и директниот пренос на Собранискиот канал започнуваат во 13 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски