Стефан Василевски и Давор Поповски, кандидати за претседател на СПУКМ

Од:

Од денеска почнува изборната кампања за претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (СПУКМ). Кандидати за претседател се Стефан Василевски, студент на Медицинскиот факултет и Давор Поповски, студент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство – ФИНКИ.

Согласно спроведениот јавен повик, како што информира СПУКМ, Василевски е поддржан од шест матични студентски парламенти на УКИМ. Поповски е поддржан од седум матични студентски парламенти на УКИМ.
Кампањата ќе трае до 28 овој месец, а на 29 јуни ќе биде Изборниот молк. Изборите за нов претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се оддржат на 30 јуни, а гласањето ќе трае непречено од 9 до 16 часот на 23 факултети на УКИМ.

Би можело да ве интересира

Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети

Почнува уписот на УКИМ, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со македонисти од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ

Предраг Петровиќ

На УКИМ слободни 9.921 места за упис во прва година во 2024/2025

Горан Наумовски

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот