Медиумски престројувања: Зошто Сорос толку и пречи на власта?

Од:

Секоја власт која своето битствување го користи за материјално себезбогатување на сметка на сопствениот народ е деформирана во старт. Затоа ѝ пречи сѐ она што доаѓа како критика и ограничување на остварување на нивната ненаситна желба за моќ и пари. Сегашнава воопшто не се разликува

За Сервисот за проверка на факти пишува: Александар Шољаковски

Не чув сè уште дека новиот министер за финансии е прогласен за “соросоид”!? Според менталниот склоп на оние кои ја менаџираат пропагандната машинерија на партијата на власт, тоа ќе мора да се случи зашто дотичниот министер пред кариерата во ВМРО да ти бил главен за управувањето со американска помош од прогарамата УСАИД која, после соросовата Фондација Отворено општество, е на респектибилно второ место на листата на непријатели кои ја подбуцнуваат, стимулираат и финансираат Шарената револуција и воопшто сите антивладини активности. Би било чесно да признаат дека во нивните редови има такви инфилтрирани предавнички елементги кои се под директна контрола на тие странски сили.
Овој тон на подбишега логично се наметнува кога ќе се приспомнеме на сите свинштини кои оваа власт (сè до највисоко ниво – премиерот ) ги има изречено кон сите оние форми на помош во спречувањето на комплетното ставање под контрола на власта на медумските слободи и слободната граѓанска мисла.

ПОМОШТА ОД СОРОС
Едно знам. Да не беше Фондацијата Отворено општество и другите форми на стимулирање на вистинитоста во новинарството и промоција на човечките слободи, македонската јавна, граѓанска и особено медиумската сфера ќе беше сосема поинаква. Да не беше помошта од оваа Фондација, македонската медиумска средина ќе беше сосема по вкусот на владечката гарнитура. Ќе немаше никаква слобода зашто ќе се реализираше намерата на власта да завладее буквално со сите медиуми. Слободната мисла и изразување ќе беа сосема во канџите на власта – диригирани, инструрани, затулени. Она малку што остана е благодарение на релативно скромната помош која стигнуваше од оваа Фондација и од другите слични на неа. Тој зародиш овозможи во ова време на револт кон актуелната власт да се артикулира таа ослободена енергија. Да не беа тие неколку слободни медиуми, за Шарената револуција воопшто и немаше да се знае. Власта ќе стореше сè да не се чујат бомбите на СДСМ, а протестите низ земјата ќе се премолчеа, како што тоа, всушност, и го прават владините медиуми.

Низ дваесет и кусур години Фондацијата на Сорос помогна излегување и одржување на едн куп изданија, книги, граѓански иницијативи. Со средства на Сорос е купена првата рото машина за печетење која не беше во доминација на власта и властодршците, без разлика на провиниенцијата. Таа прва ротација вон власта, Фондацијата му ја подарија на еден од сега актуелните челниците на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалник на Кочани и помагач на партијата.

Сорос помогна во слободната артикулацијата на изразот за демократија, прогрес, слобода. Паметам дека соросови средства беа значајна помош за излегувањето наДневник, весникот кој го разби државниот монопол на изданијата на Нова Македонија. Од тие средства беше помогнато излегувањето на Денес и Македонија денес, весници кои воопшто не и беа наклонети на социјалдемократската власт во тоа време. И како сведок на тие збиднувања знам дека за возврат на таа помош никогаш не се барало подидување или благонаклоност кон власта.

БЛАГОДАРНОСТА Е СРАМОТНА
Има многу други кои можат да го потврдат тоа. Но, тоа, гледам, не се прави. Не го признаваат и луѓето од сегашната власт кои биле помогнати од истата Фондација за своите активности. А, би било чесно, зашто ако ништо друго, треба да се запамети дека Џорџ Сорос помогна на Македонија во онаа критична 1992 година, кога Македонија и финансиски се отцепи од Југославија со сопствени девизни резерви од бедни дваесеттина милиони долари! Таа зима требаше буквално да се смрзнеме да не беше кредитот на Сорос за купување нафта.

Како да станало срамота да се покаже пиетет за благородни дела. Дали е тоа заради искривената политика на оваа власт која постојано го стимулира стравот од внатрешните и надворешните непријатели, за да си направи покритие за својот дебакл? Тие направија од Сорос една невксуна играрија (соросоиди) и создадоа сосема искривоколчен поглед на една активност која во нашево општество донесе генерално позитивни поени.

Да не зборуваме за сите оние вмро-вци (кога беа опозиција), кои со години користеа средства и потпора од Фондацијата на Сорос и од слични други. Зошто, на пример, не се споменуваат германските фондации? Можеби затоа што тие доминираа(т) во нив? Дали и тие се соросоиди под некое друго влијание?

НАСЛЕДНИЦИ НА ТОТАЛИТАРЦИТЕ
Анимозитетот на вмро-вската пропаганда кон сè што е прогресивно, слободно мислечко, а со тоа и против нив, е странска шпионска инсталација, заговор против власта, непријателски елемент – е сосема јасен. Тие се директните ментални наследници на тоталитарното општество. Оние кои паметат, ќе се присетат дека сите изблици на слобода и непомирување со едонумието беа идентифицирани како надворешен непријател, инфилтрирани агенти, странски платеници… Одиумот кон Сорос е на истото ниво на таа искривена свест.

Во таа харанга против слободното мислење се вклучени цели тимови на новинари(!?), аналитичари(!?), псевдо-дипломати, сите во служба на власта и нивната диктатура. Нивната цел е да прикажат дека секој кој не мисли како нив е национален предавник, агент.

За утеха или како илустрација идентичното се случува и во соседството, во Србија, сега и во Босна и Херцеговина, Црна Гора. Сѐ она што доаѓа како слободно мислечка алтернатива на едноумието по правило е набедено дека е помогнато од непријателите. Веќе се зборува за Балканска пролет, со аналогија на Арапската пролет која тотално размрда неколку арапски земји. Се разбира, зад Балканската пролет задолжително стои ЦИА, НСА и други западни агентури. (Но, интересно е дека не се зборува за можеби руска инспирација и помош!?)

Притоа, не сум слушнал ниту од Груевски или од Вучиќ да кажат дека ним помошта од разните фондации и програми за развој не им требаат затоа што се идеолошки обоени и условени со разни услуги за нивните корисници. Напротив, тие здушно ги користат европските или американските фондови и за сопствена промоција. Оваа двојност е двојно срамотна и токму говори за природата на власта.
Секоја власт која своето битисување го користи за материјално себезбогатување за сметка на сопствениот народ е деформирана во старт. Затоа ѝ пречи сѐ она што доаѓа како критика и ограничување на остварување на нивната незаситна желба за моќ и пари. Сегашнава воопшто не се разликува.

Би можело да ве интересира

Сорос тврди дека поразот на Русија во Украина ќе ја распадне „Руската империја“

Сорос и Гејтс ќе ја преземат фирмата за брзи ковид тестови

Ана Ололовска

ПроПублика: Маск, Сорос, Безос не плаќале данок на доход со години

Ана Ололовска

Највисокиот суд на ЕУ против унгарските закони што го погодија универзитетот на Сорос

Ана Ололовска

Според Сорос, Си е закана за ЕУ

Ана Ололовска

Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

Ана Ололовска