Розберг победник на трката во Баку

Од:

Возачот на Мерцедес и лидер во генералниот пласман во Ф1 Нико Розберг победи на денешната трка за Големата награда на Европа што се возеше во Баку. Ова за него е 19.та победа во кариерата, а петта сезонава со што се зацврсти на првата позиција во генералниот пласман. Второто место му припадна на возачот на Ферари Себастијан Фетел, а трет е Серхио Перез од Форс Индија.

На позицијата број 4 заврши Кими Раиконен од Ферари, а зад него се пласира шампионот Луис Хамилтон (Мерцедес), кој стартуваше од десетото место.

Во генералниот пласман води Розберг со 141 бодови, пред Хамилтон со 117 и Фетел со 96. Кај конструкторите води Мерцедес со 258 бодови, пред Ферари со 177.

Следната трка се вози на 3.јули за Големата награда на Австрија.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур