Без електрична енергија утре од 3:30 до 9:30 часот ќе бидат корисниците од селата Раовиќ, Грчец, Шишево, Дворце, Крушопек, Веле Поле, Буковиќ, Глумово, Љубин, Горна и Долна Матка, Рашче, Семениште, Радуша, Ласкарци, Кучково, Кондово, Бојане и Арнакија, во општините Сарај и Ѓорче Петров.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради технички зафати во електро-мрежата.