ДС: Осуда на упадот во ТВ 21

Од:

Демократскиот сојуз најостро го осудува упадот на обезбедувањето на поранешниот премиер во ТВ 21 и бара одговорност за таквиот насилнички чин.

Воедно укажуваме дека секоја јавна личност мора да биде свесна за јавниот интерес и обврската на новинарите да ја информираат јавноста за сите аспекти врзани за функционери кои извршуваат или извршувале високи државни и политички функции.

Демократскиот сојуз смета дека медиумите се движечка сила на демократските процеси и јакнење на одговорноста на носителите на функции и затоа никој не смее да ги попречи новинарите во извршување на нивната мисија, пишува во реакцијата на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Протестите за јазикот се политички мотивирани, потребно е уставно решение

Демократски сојуз бара да се забрани производство на марихуана

Демократскиот сојуз бара една изборна единица, реформи на судскиот систем преку уставни измени и укинување на Техничка влада

Трајанов: Да ги завршиме изборите во првиот круг

Демократски сојуз: Изборниот законик обезбедува политички монопол на четири партии

А1он

Демократски Сојуз: Доста со декларации и резолуции, да се фатиме за работа