ЗНМ остро реагира за вчерашниот инцидент во телевизијата 21, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да брише снимки. Првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани го осуди чинот.
„Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира сила против медиумите.
Сакам да го потсетам господинот Груевски дека во Македонија слободата на изразувањето е гарантирана. Тој е јавна личност и на јавно место, новинарите имаат право него да го снимаат.“
Се очекува денеска МВР да излезе со официјална инфорнмација за тоа што се случило, и што ги потикнало полицајците да влезат во ТВ 21.
До инцидентот дошло при прошетката на Груевски и неговата сопруга и семејството по улица Македонија. Откако обезбедувачите, кои инаку се припадници на МВР го забележале новинарот дека фотографира, веднаш тргнале по него.