Кремаст овошен колач

Од:

Брзо ќе го направите, а уште побрзо ќе го изедете…

Потребно е:

за тестото:

250 гр брашно
100 гр шеќер
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
80 гр путер
1 јајце

за филот:

500 мл млеко
2 кесички пудинг од ванила
200 гр шеќер
800 мл слатка павлака
овошје
прелив за торта

Подготовка:

– Од наведените состојки за тестото замесете тесто и оставете го во фрижидер околу 45 минути. Потоа развлечете го со сукало на набрашнете работна површина и ставете го на дното на кружна тава за печење претходно премачкана со маргарин и посипана со малку брашно.
– Во млекото сварете го пудингот измешан со шеќерот, тргнете го од рингла и веднаш додадете ја слатката павлака.
– Сипете го над тестото во тавата и одозгора наредете го овошјето по желба.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 70 минути.
– Печениот колач оставете да се излади и потоа ставете го во фрижидер најдобро преку ноќ убаво да се излади.
– Утредента колачот прелијте го со прелив за торти (подготвен според упатството на пакувањето).
###

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава