Македонските одбојкари во пет сета ја победија Албанија

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија, синоќа, во пет сета во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје успеа да ја победи Албанија со 3:2 (23:25; 25:23; 20:25; 25:18; 15:10) во сетови, откако противникот водеше со 1:0 и со 2:1 во сетови. Со оваа победа нашите одбојкари се практично пред пласман на завршниот турнир од Европската лига во Варна.

Во првиот натпревар од вториот турнир од групата А од Европската лига Бугарија ја победи Данска со 3:1 во сетови и со тоа ги намали шансите на Данска да биде пласирана пред Македонија. Воедно тоа беше можност селекторот на Македонија Жарко Ристоски на дуелот со Албанија да испроба и други комбинации за дуелите што ќе претстојат. Тоа го искористи ривалот и со добра игра имаше водство во два наврати.

Сепак, во последните два сета македонските одбојкари ја потврдија играта од првиот турнир од Варна и без проблеми стигнаа до победата. Во тој дел од играта најдобар на теренот беше нашиот капитен Никола Ѓоргиев, а во тимот се врати и Јовица Симовски.

Македонија е прва во групата со скор 4-0 (победи-порази), пред Бугарија која има скор 3-1, следи Данска со 1-3, а Албанија е последна со 0-4.

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се играат дуелите од 2. коло: Бугарија-Албанија (17 часот) и Македонија-Данска (19:30 часот).

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ