Фондацијата Отворено општество – Македонија, Легис, Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Младински образовен форум организираат одбележување на „Светскиот ден на бегалците“, во понеделник, 20 јуни.
Настанот ќе се одржи во Мобилна/монтажна Галерија ЦАЦ, Парк на франкофонија, со почеток од 17, 30 часот.
„Овој ден е значаен за сите луѓе во светот кои се сметаат за бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица. Имајќи предвид дека во 2015 и 2016 година светот се соочи со една од најголемите бегалски и хуманитарни кризи, овој ден е особено значаен за луѓето чии животи се загрозени, престојуваат и/или пристигнуваат во Република Македонија.
Веруваме дека пристапот до правото на азил и хуманитарна помош во РМ треба да бидат целосно овозможени. За таа цел ве каниме на заеднички настан на кој ќе имате можност да се запознаете со луѓето за кои пишуваме и зборуваме, но и да дадете поддршка за хуманитарната организација „Легис“ и можноста да ја продолжат својата неопходна работа во пограничните кампови во Македонија.“, се наведува во соопштението на организаторите.