Изгоре покрив од куќа во Неготино, повредени нема

Од:

Во пожар попладнево изгоре покрив од куќа во Неготино, повредени нема, информира Илија Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна единица.

– Како последица на пламените јазици изгоре покривот од индивидуален станбен објект. На лице место интервениравме со три возила и пет пожарникари и успеавме да го локализираме пожарот. Не дозволивме тој да земе поголем замав и да се прошири на останатиот дел од куќата и на соседните објекти, изјави Илиев.

Нагласи дека дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он