Благодарност од Агенцијата за млади и спорт до репрезентативците Мојсовски и Миркуловски

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска на македонските ракометни репрезентативци Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски им врачи плакети за постигнатиот особен успех и придонес во спортот.

Спасески, на денешната средба, на Мојсоски и Миркуловски им се заблагодари за сето она што го имаат направено за македонскиот ракомет, за македонскиот спорт и изрази надеж дека нема прерано спортски да се пензионираат и дека нивната работа во спортот и ракометот тука нема да застане, туки напротив, целокупното знаење и искуство ќе го пренесат на младите генерации.

– Победата над Чешка, иако беше слатка, истовремено беше и горка, затоа што знаевме дека тоа беше последниот натпревар за двајцата наши спортски великани, луѓето кои со своето однесување, посветеност и работа покажаа како треба да се носи репрезентативниот дрес и беа вистински пример за сите останати спортисти. Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски се наши ракометни величини, кои оставија траен белег во македонскиот ракомет и македонскиот спорт, воопшто. Како држава и како народ не задолжија и со своите настапи во репрезентацијата покажаа и докажаа како треба да се носи црвено-жолтиот дрес, како треба да се игра со срце и да се гине на терен и се вистински репер за младите и идни ракометари, рече Спасески.

Тој изрази честитки и благодарност на Македонската ракометна репрезентација за големиот успех и пласманот на Светското првенство, по вчерашната победа над Чешка, со која, како што рече, уште еднаш се потврди фактот дека ракометот е спорт број еден во нашата земја, а нашите ракометари се најголеми промотори и спортски амбасадори.

Миркуловски рече дека ова е убав гест од Агенцијата за млади и спорт и е доста значајно за нив како спортисти и долгогодишни репрезентативци.
– Ги задолживме младите. Има добри таленти и не се сомневам дека и они ќе продолжат да ги следат нашите чекори, да не носат на големи светски и европски натпреварувања, се надевам дека ќе го исполнат нашиот сон и ќе не однесат на олимпијада, рече Миркуловски.
Мојсоски изрази благодарност до Агенцијата и Владата за поддршката во изминатите години и за помошта за развојот на ракометот.
– Оваа селекција и овие момци вчера покажаа дека ракометот уште е број еден во оваа држава. Покажаа дека со оваа генерација и уште со некои подмладувања Македонија може да се носи со секого. Се надевам дека младите ќе продолжат со тоа, изјави Мојсоски.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ