Како да се зборува со тригодишно дете?

Од:

Една од важните вештини кои децата треба да ги совладаат е вештината на комуникација. Добрата комуникација е важен предуслов за квалитетни меѓучовечки односи. Имајќи го предвид фактот дека децата се огледуваат на нас обраќајте им е се на оној начин на кој сакате детето да ви се обраќа вам и на начин на кој би сакале да разговара со другите.

Околу третата година тие знаат двесте или повеќе зборови, реченици составени од три или четири зборови, почнуваат да раскажуваат приказни и што е многу важно знаат први да почнат разговор. До крајот на третата година можат да користат околу илјада зборови (обично се јавуваат по овој ред извици и придавки, прилози и придавки, глаголи, заменки, сврзници и броеви).

Покрај учењето песнички, кратки рецитации, раскажување и читање приказни, кои секојдневно придонесуваат за збогатување на речникот, сепак тоа што е најважно за развојот на говорот е непосреден разговор со детето.

Поттикнувајте ги децата да раскажуваат за својот ден, поставувајте им прашања кои бараат подолг одговор, а не само да или не.

На пример, наместо прашањата „Дали ти беше убаво кај баба и дедо?“, прашајте „Што ти беше најинтересно?“, „Со кои игри си игравте?“, „Што се видовте кога се шетавте?“. Преку раскажувањето детето го развива мислењето и говорот.

Со оглед на тоа дека третата година се карактеризира со силно изразување на емоции и тешкотија околу одложувањето на нивните потреби, кога сакате да разговарате со тригодишното дете, а тоа не е моментално во неговата сфера на интересирање, секогаш би требало да се оствари контакт „очи в очи“, да зборувате со тивок глас, помага и кога на детето ќе му се обратите со име, користете кратки упатства и за да бидете сигурни дека ве слушнало и ве разбрало, можете да барате да повтори што се бара.

Секогаш понудите два избора за да може детето да има чувство на важност, а не дека е принудено на нешто. Добар резултат дава кога имаат мотивација на направат нешто, на пример: „Кога (ќе ги собереш коцките) ќе одиме да се шетаме“. Немојте премногу често да користите „не“.

Одвојте време само за разговор, бидете насочени само кон детето и уживајте во разговорот, тие моменти се непроценливи, а многу брзо поминуваат. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска