Сите нови електрични возила до 2025 година ќе бидат електрични, но не поради зелената револуција, туку поради економичноста, вели рече Тони Себа, предавач на Универзитетот „Станфорд“ од областа на претприемаштвото и чистата енергија.
Според него, бо блиска иднина моторите со внатрешно согорување нема да бидат популарни и нема да можат да се тркаат во иновациите со електричните автомобили, чии цени паѓаат.
Цената на електричен автомобил до 2020 година во просек ќе биде 30.000 долари, а до 2022 година цената ќе изнесува 22.000 долари. Во споредба со тоа, просечната цена на нов автомобил со внатрешно согорување во САД е 33.000 долари.
Причина за пониските цени на електричните автомобили е поевтиното одржување. Додека автомобилите со внатрешно согорување во просек имаат 2.000 потрошни делови и дефектите им се почести, кај електричните автомобили во просек се забележани само 20 дефекти.
Електричните автомобили се на добар пат да станат поекономичен и порационален избор за купувачите. Поради тоа, производителот на тие автомобили, „Тесла“, на своите купувачи ум нуди долготрајна гаранција.
Предвидувањата се дека продажбата на електричните автомобили до 2020 година ќе порасне на 2,4 милиони, во однос на 348.000 возила во 2015 година. Во истиот период се предвидува и зголемена продажба на хибридните автомобили.