Во трауматизираната Холандија, нагло опаѓа довербата во ЕУ

Од:

Гардијан – Лондон

Кризата на довербата во либерализмот ги доведе на многу ниско рамниште поддршката за имиграцијата и за европскиот проект, во Холандија, која некогаш беше прогресивна и оптимистички настроена земја

Некогашната ѕвезда водилка на прогресивната политика, Холандија денес е трауматизирана, гневна и многу сменета земја. Поддршката за имиграцијата и европскиот проект го допреа историски дното. Синагоги и еврејски училишта бараат полициска заштита за да ги одбрани од локални џихадисти, а слободата на говорот е под сериозен притисок.

Познати коментатори и славни личности распалуваат омраза против муслимански заедници на истиот начин на кои антисемитистите застануваат против евреите.

Изгледа одамна мина времето кога „Холанѓанец“ беше синоним за толерантност. Холандија, која е држава основачка на Европската унија, по 1970 година се претвори во лабораторија за општествени и културни промени, станувајќи пионер во легализирањето на проституцијата, лесните наркотици, евтаназијата и геј браковите.

Тоа беа деновите кога холандските политичари и влијателни луѓе ја нарекуваа Холандија – без никаква доза на иронија – „гидсланд“ или земја лидер, која стана пример за останатите. Моментот на најголемата гордост дојде во јуни 1988 година, кога етнички мешан тим од холандски фудбалери го освои Европското првенство, победувајќи го големот соперник Германија, а потоа и Советскиот сојуз, во чии тимови тогаш имаше само бели играчи. Тоа беше како еманација на заложбата за културализмот.

Дваесет и осум години подоцна на чело на анкетите е Партијата на слободата на Герт Вилдерс. Избран за „политичар за 2015 година“, Вилдерс управува со неговата партија исто толку недемократски, колку и арапските диктатори кои тој силно ги мрази. Тој сака Холандија да се откаже од еврото и да ја напушти ЕУ.

Како Доналд Трамп, така и тој се залага за запирање на секаква миграција од исламските земји. Типичен твит за Вилдерс е: „Додека имаме „лидери“ како Руте, Меркел, Обама и Камерон, кои негираат дека Исламот и теророт се едно и исто нешто, ќе продолжи да има терористички напади“.
Се развира, во Холандија исто имаше расизам и нетолерантност во 70-те, 80-те и 90-те години од минатиот век, а и старата држава сосема не исчезна. Ниско мнозинство продолжува да гласа за проевропските партии, кои не гледаат дискриминација против муслиманите.

Популарниот градоначелник на Ротердам, Ахмед Абуталеб, е горд муслиман. Претседателот на парламентот, Хадиџа Ариб, е со мароканско потекло. Во 2008 година, холандските читатели ја избраа книгата „Куќата на џамијата“ од писателот Кадер Абдола, роден во Иран, за „втора најдобра холандска книга на сите времиња“.

И покрај тоа, влијанието на Партијата на слободата силно се чуствува делумно затоа што екстремно левата Социјалистичка партија, за која поддршката стабилно расте, споделува многу од нејзините ставови за ЕУ. Со секој следен терористички напад, бегалски бран или скап пакет за економска помош со евросредства, силите на регресот растат – и кај екстремно левите и кај екстремно десните.

Многу од причините за „холандското свртување“ се одраз на случувањата во други делови од Европа. Додека ЕУ се мачи да се справи со џихадистичкиот тероризам и бегалската криза, некои бирачи бараат нови лица кои предлагаат едноставни решенија: поголема контрола, депортации, затворени граници. Додека еврозоната ја зафаќа паника по паника, луѓето се прашуваат дали валутата може и дали воопшто треба да биде спасена. Дали „повеќе Европа“ во пракса е одговор на секоја криза?

Овие прашања, кои едно време беа табу, сега се отвараат низ целиот континент. Тие се одраз на длабоката загуба на вербата и во способностите и надежноста на традиционалните елити. И покрај тоа, ниту една земја не изгледа толку дезориентирана, колку Холандија. Важна причина за тоа веројатно е несекојдневната серија катастрофи кои ги претрпе земјата во последните 15 години, меѓу кои и обидот за атентат врз кралицата, при кои загинаа осум души.

И на крај, уривањето на авионот над Украина пред речиси две години, кога загинаа сите 298 лица во авионот, од кои 193 беа Холанѓани. Споредено со вкупниот борј на населениото, тоа значи дека Холандија има повеќе човечки загуби отколку САД на 11 септември 2001 година.

Тоа се големи трауми, кои силно по потресоа сеопштото едиствено мислење во земјата, дека таму не се случува ништо лошо. Кога исплашеното население се сврте кон елитите со надеж дека демонстрираат лидерски вештини, тие изгледаа болно некомпетентни – што е втората причина за холандското свртување.

Потоа дојдоа загубените војни во Авганистан и Ирак, во кои Холандија беше една од малкуте држави од континентална Европа кои војуваа, и загуби 25 души. Холандија беше вовлечена и во друга катастрофа – финансискиот крах кој неподготвен ја зафати целата политичка елита. А потоа дојде грчката еврокриза.

Сите тие порази ги натераа традиционалните елити да изгледаат беспомошни и грди или како што Вилдерс вообичаено вели „наивни“. Кога истите тие елити го молат на електоратот да им изгласа доверба за ЕУ, еврото и емиграцијата, многу избирачи серизоно се замислуваат.

Се уште во Холандија има такви кои сметаат дека земјата не треба да и „обрнува внимание“ на Партијата на слободата. Тие истакнуваат дека досега немало дезертерства кон Партијата на слободата од политичките елити, дури ни на ниско ниво и дека за разлика од Марин Ле Пен во Франција, Вилдерс не гради политичка машина, туку токму обратното. Штом некој од партијата го критикува во јавноста, тој брзо е изолиран. Во тој смисол, Вилдерс личи на Најџел Фараж, иако не располага со неговата духовна енергија.

Сепак би била груба грешка да се мисли дека кога Вилдерс ќе слезе од сцената истото ќе се случи и со прашањата кои тој ги отвара со својата напаѓачка и разжестена реторика. Но, ако европскиот проект е здание со сосема дефектни основи, како тогаш ќе преживее отворено општество основано на принциот на еднаквост, во ситуација кога секоја година тоа прима десетици, ако не и стотици илјади мигранти од земји кои не се отворени, во кои луѓето не се еднакви и во кои нема демократска дебата? Особено кога тие емигранти имаат повеќе деца од родените Холанѓани во Холандија?

Едно време водечките холандски политичари и влијателни личности одговараа лефтерно дека работата во ЕУ напредува и дека ќе биде неопходно само едно поколение за интеграцијата да биде успешна. Зошто децата на имигрантите да останат социјално и културно конзервативни, штом можат да бидат Холанѓани?

Самоувереноста испари и што ќе дојде на нејзино место, само можеме да претпоставуваме. Она кое изгледа сигурно е дека бурните денови на прогресивниот оптимизам нема да се вратат.

Што се однесува до фудбалот, Холандија дури и не се квалификуваше на овогодинешниот Европски шампионат.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина