Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва против Албанија го стартува вториот турнир од Европската лига. Почетокот на дуелот е во 19:30 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.
Нашата селекција која лани во ова натпреварување го освои сребрениот медал важи за фаворит.
Македонија по трите одиграни натпревари на турнирот во Варна се наоѓа на првото место во групата со 8 бодови, додека Бугарија и Данска имаат по 5, а Албанија е последна без бод.
Во терминот од 17 часот играат Данска и Бугарија, а со евентуален триумф на Бугарија нашата репрезентација ќе има големи шанси за пласман на завршниот турнир во Варна на 1. и 2. јули каде ќе играат четири селекции од двете групи.
Во групата Б од вториот турнир ќе се играат од 18 до 20 јуни. Во оваа група прва е Естонија со 9 бодови, пред Австрија со 6, Белорусија има 3, а Луксембург е без бод.