Осум репрезентации, меѓу кои и Македонија, изборија пласман на Светското првенство во ракомет откако синоќа беа одиграни реванш бараж дуелите.
Најнеизвесно беше на дуелите Македонија – Чешка и Белорусија – Летонија, додека другите селекции остварија сигурни победи во вкупниот резултат.
Пласман на Светското во Франција изборија: Македонија, Белорусија, Шведска, Данска, Унгарија, Полска, Словенија и Русија.
Резултати на бараж дуелите:
Македонија – Чешка 34:27 (вкупен резултат 56:55),
Босна и Херцеговина – Шведска 27:27 (46:54),
Холандија – Полска 24:25 (46:51),
Унгарија – Србија 30:25 (56:50),
Црна Гора – Русија 19:29 (41:58),
Норвешка – Словенија 29:27 (47:51),
Летонија – Белорусија 28:26 (52:52) и
Австрија – Данска 20:23 (47:58).
Последниот бараж дуел се игра вечерва Португалија е домаќин на Исланд, а на првиот дуел Исланд победи со 26:23.